Рисот си скока над реката со неверојатна леснотија што изгледа како да е од видео игра

Црвените рисови се мистериозни и ноќни животни па затоа ретко се забележуваат на дневна светлина. Луѓето во Пекан, Луизијана не очекувале дека пред нивни очи ќе се случи ваков интересен момент.

Рисот сака да премине од другата страна на реката, но пред него има пречка…вода. Но, наместо да се „загрижи“ и да вложи труд за да премине од другата страна рисот „одигра“ прилично грациозно.