Швајцарски модел кој потрошил 40.000 евра за пластична хирургија ја споредува со шопинг

Ангелика Странгер, од Швајцарија, својата прва операција ја направила кога наполнила 21 година, откако гледала документарен филм за Лоло Ферари, жена која продолжила со операции во текот на 10 години за да ги постигне најголемите гради на светот – со големина 54G, според Гинисовата книга на Светски рекорди.

По првата операција на зголемување на градите Ангелика сфатила дека иако е среќна што направила промена, сепак не е задоволна и дека сака да бидат многу поголеми за да го добие тој „лажен стил“ како што вели таа. Оттогаш таа претрпела и други операции како и една за зголемување на задникот.

Таа освен уште една операција на задникот, сака и уште една операција на градите за повторно да им го зголеми волуменот. Жената вели дека иако процесот по операцијата е болен и тежок и дека понекогаш има проблеми поради големите гради сепак е многу „горда“ на нив и едвај чека да ги покаже.

Ангелика заработува така што продава свои фотографии и видеа на „обожаватели“. А таа вели дека иако има многу критичари најголем дел од мажите ја „обожаваат“, толку многу што имала и неколку понуди за брак, но таа ги одбила.