Со современа технологија како дроновите и изолацијата не е тоа што некогаш беше
Во овие моменти сите треба да си седиме дома да грицкаме тоа што сме си го купиле и да се стрпиме да помине овој кошмар. Сепак за некои луѓе е проблем и да се оди до продавница. Без разлика дали не можат, дали се во ризична група или пак едноставно премногу им е страв да не се заразат.
Но, тука е технологијата. Џон Алберик решил да испадне добар сосед и да му ги испрати омилените грицки на неговиот сосед Џереми Томан.