Тинејџерка била однесена во болница поради болки во стомакот, а по неколку часа се случило најнеочекуваното
Кортни Еванс се плашела дека имала воспаление на слепото црево кога се разбудила со силни болки во стомакот па затоа таа и нејзиниот партнер Брин Талет решиле веднаш да се упатат во болница.
Кортни земала контрацептивни пилули и не доживеала забележителни промени во нејзиното тело, освен мало зголемување на телесната тежина, па така разбирливо била шокирана кога лекарите ѝ кажале дека е во 34 недела од бременоста и дека наскоро ќе го роди нејзиниот син.
Само неколку часа подоцна, Кортни го родила малиот Лео, кој бил сосема здраво дете. На почетокот на Кортни ѝ било тешко да го земе нејзиниот син во раце затоа што не можела да поверува што се случило. Мајктаа вели дека немала мачнини, а недостатокот на менструален циклус го оправдала поради пилулите кои ги земала, исто така немала труднички стомак затоа што Лео бил позициониран кон нејзиниот грб.
Лео се роди „en caul“ – ретка појава што значи дека тој бил предаден уште во недопрената амнионска кесичка. Кортни беше задржана во болница четири дена по породувањето за да им овозможи на лекарите да ги следат неа и Лео, но на крајот отидоа дома за да започнат со своите нови животи како мајка и син.
Во тоа време, тинејџерката била целосно неподготвена. Таа сè уште живеела со нејзините родители и немала ниту една пелена подготвена за бебето. Сепак младата мајка успеала да се избори со сите предизвици и денес тие се среќно семејство. Сепак ги предупредува сите девојки и жени да внимаваат на контрацепцијата и дека таа не им гарантира 100% ефикасност.