Треба да бидете повнимателни и да размислувате не само за вашите чувства, туку и за чувствата на другите.
Големиот успех нема да дојде ако не се посветите на тимската работа. Затоа, ќе ви биде потребно трпение и толеранција.
Ќе бидете повикани на семејна свеченост или на некоја друга прослава каде ќе бидат присутни многу млади лица.
Најдете повеќе време за одмор, за филм и книга и сите нешта ќе бидат во ред.
Ако сте во врска, ќе и дадете нов импулс на врската, ако сте во криза, нема компромис – ќе започнете нова.
Вие знаете да бидете тврдоглави и непопустливи, важно е да се наоружате со трпение и толеранција, особено во односите со колегите кои не се многу продуктивни на работа и кои ве оптеретуваат со прашања кои се неважни и досадни.
За да се изборите за слобода, подготвени сте да се впуштите во расправии со партнерот или со членовите на неговото семејство, но и со членовите на вашето семејство.
Динамични сте и не ве држи место. Бидејќи не можете да мирувате, досадно ви е и постојано сакате забава. Но, тоа влијае на вашето здравје.