Македонски несекојдневни ситуации

Колку пари навистина земаат Македонците по професии?

Официјалните статистички извештаи за просечната плата во Македонија честопати звучат како далечна бајка за обичниот граѓанин. На хартија бројките изгледаат оптимистички, но на крајот од месецот, пред банкоматите, реалноста раскажува сосема поинаква приказна. Токму од таа разлика меѓу статистиката и животот почна една спонтана, отворена и болно искрена дискусија за тоа колку пари навистина се …

Еди Рама порача: Бугарите треба да влезат во македонскиот Устав, нема повеќе причина за несогласувања

Албанскиот премиер Еди Рама смета дека прашањето за внесување на Бугарите во македонскиот Устав треба да биде затворено, бидејќи, според него, обврската веќе е утврдена со договорот постигнат со посредство на Франција. Во интервју за Бугарската национална телевизија (БНТ), Рама истакнал дека не гледа причина Скопје и Софија да продолжат со несогласувањата околу ова прашање. …

Копал во дворот, па во шок ја повикал полицијата: Морничава глетка во Струмица – пронајдени коски што наликуваат на човечки

Необично и морничаво откритие ги алармираше полициските служби во Струмица, откако жител на градот при рутински ископ во сопствениот двор наишол на остатоци што наликуваат на човечки коски. Работите во дворот веднаш биле прекинати, а просторот бил обезбеден од полицијата додека надлежните ја презеле истрагата. Содржина: Повикот стигнал на 16 ноември во 17:40 часот од …

Се сеќавате ли на времето кога прва класа беше 120 денари? Годинава откупот на тутунот стартуваше со 435 денари за килограм

Во Прилепско почна откупот на годинешната реколта тутун, со почетна цена што веднаш го отвори старото прашање меѓу производителите: колку вреди трудот што со месеци се суши, ниже и чува по дворовите? За прва класа годинава се плаќа 435 денари за килограм, цена што министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски ја претстави како …

Луд пресврт во Битола: Пелистер губеше со пет разлика, па приреди сензација и го собори германскиот гигант Гумерсбах

Еурофарм Пелистер го совлада германскиот гигант Гумерсбах со 29-28 во натпревар полн со вжештена драма и ја продолжи битката за пласман во елиминациската фаза од Лигата на Европа. Македонскиот тим во повеќе наврати беше во негатива од пет гола, но во второто полувреме режираше вистински херојски пресврт и стигна до заслужена победа. Содржина: Кузмановски даде …

На денешен ден пред 35 години Македонија го доби својот прв Устав како независна држава

На 17 ноември 1991 година, македонското Собрание го усвои првиот Устав на независна и суверена Македонија. Со тој историски чин, младата држава ги постави правните темели на сопствениот систем по раздружувањето од поранешна Југославија. Донесувањето на највисокиот правен акт следуваше по историскиот референдум за независност одржан на 8 септември 1991 година, кога македонскиот народ и …

Што сè кријат изворите кај Свети Наум? Научниците пронајдоа нови суштества за кои мораа да воспостават сосема нов род

Охридското Езеро и неговиот уникатен воден екосистем уште еднаш покажаа зошто важат за една од најголемите природни лаборатории на планетата. Научно истражување на изворите кај манастирот „Свети Наум“ доведе до откритие на два нови вида минијатурни слатководни полжави, од кои едниот е толку посебен што научниците морале да воспостават сосема нов биолошки род. Содржина: Петер …

Во Косово суспензии и оставки, во Македонија молк? Објава што ја споредува реакцијата на институциите по два фемицида

Два трагични случаи на фемицид, две држави и две различни реакции. Ардит Рамадани на социјалните мрежи објави споредба меѓу Косово и Македонија, посочувајќи ја разликата во институционалната одговорност по убиствата на две девојки кои претходно пријавиле насилство. Но, останува едно важно прашање дали оставките се решение или само мачкање очи „еве нешто направивме“?

Турчин по речиси 70 години се враќа во родното село кај Делчево: Емотивна средба со пријателите Македонци од детството

Во 1957 година, Ибрахим, роден во селото Стамер кај Делчево, бил принуден да се исели во Турција. Речиси седум децении подоцна, неговите деца се вратија во родното село на својот татко, каде што ја пронајдоа неговата стара куќа, но и нешто многу повредно – неговиот другар од детството. Емотивната средба оживеа спомени од едно далечно …

Инфлуенсер што знае многу јазици наиде на Македонецот Медо во центарот на Виена

Или на Македонец или на Србин, на кој друг ќе наиде, кога цели држави ни се иселија таму. Како и да е, убав муабет си направија со Медо. Приказната веќе позната: Живее во Австрија а срцето и празната куќа на 3 спрата му се во Македонија.

Генерации македонски деца израснаа со неговите списанија: Почина професорот Никола Петров, творецот на „Росица“ и „Другарче“

На 89-годишна возраст почина професорот и поранешен декан на Педагошкиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, д-р Никола Петров. Во македонското образование тој останува запаметен како вистински основоположник на предучилишната педагогија. Неговото име не е врзано само за академските катедри и универзитетските реформи. За бројни генерации ученици низ децениите во Македонија, првите букви, првите стихови, …

Британскиот Оскар заврши во рацете на Македонка – Тамара Котевска со нов светски триумф во Лондон

Македонската режисерка Тамара Котевска продолжува да ниже меѓународни успеси и да ја испишува историјата на македонската кинематографија. Нејзиниот документарен филм „Приказната за Силјан“ (The Tale of Silyan) го освои престижното Гран-при признание за најдобар кино-документарец на овогодинешното свечено доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards), одржано во Лондон. Овие награди се сметаат за едни …

Броело 240 куќи, а по една страшна ноќ останале само две: Морничавата тајна на битолското село Ѓавато

Крај Ѓаватскиот Превој стои приказна за село што некогаш било полно со живот, а потоа во виорот на Илинденското востание речиси исчезнало од картата. Ѓавато не е само име на место во Битолско, туку сведоштво за домови оставени набрзина, огништа згаснати во страв и спомени што повеќе од еден век одбиваат да се изгубат. Содржина: …