Доколку веќе некое време сакавте да поразговарате со партнерот за некои важни работи, денес е вистинскиот ден за тоа. Кажете му го вашето мислење за сѐ, дури иако знаете дека можеби нема да му се допадне.
Ќе мора да „пресечете“, да носите посмели одлуки за на работното место за работите да тргнат на подобро.
Конечно ќе ги добиете посакуваните пофалби од членовите на семејството.
Алтернативната медицина ќе ви биде од голема помош.
Со партнерот/ка ќе станете исклучително блиски и ќе се стремите кон дијалог за да го најдете решението за вашите проблеми.
Ќе сакате да заработите што повеќе , но до пари ќе стигнувате со голем напор.
Некој член на семејството ќе ви соопшти прекрасни вести кои ќе ве изненадат.
Психофизичка форма: во некои моменти ќе почувствувате замор и тензии, па погрижете се редовно да си ги полнете батериите!