Ако сте во криза, ќе треба да се смирите и да му дадете уште една шанса на партнерот, ако пак сте сами ќе имате многу позитивни средби.
Ќе имате ситуации кога ќе се чувствувате сами и како сите да ви свртеле грб, но сепак и тоа ќе го надминете.
Околината, поточно семејството ќе ви бидат поттик и поддршка за да чекорите храбро во бурниот живот. Денес ќе слушнете некоја позитивна вест.
Ќе треба малку да внимавате на себе и своето здравје.
Избегнувајте да се изолирате бидејќи љубовта може да демне зад аголот.
Шефовите ќе поставуваат нереални цели, а крајот на денот ќе донесе многу работа така што ќе се чувствувате како да не можете повеќе.
Разговарајте со со член на вашето семејство за вашите планови за идните промени - најдобро е да одлучувате заедно како да постапувате.
Избегнувајте претерано да се исцрпувате. Потребно ви е движење, активност, но и одмор. Бидете умерени во се.