Треба да бидете повнимателни и да размислувате не само за вашите чувства, туку и за чувствата на другите.
Со оглед на тоа што сте навикнати да држите сѐ во себе и да не им се спротиставувате на надредените, може да се случи поради замор да бидете под голем стрес.
Најдете време за пријател што не сте го виделе одамна.
Поминувајте време сами и трудете се да јадете здраво за да не си создадете компликации поради стресот.
Доколку сте во врска или брак, ќе ви одговара да минувате време со саканата личност и да отпатувате некаде подалеку.
Ќе бидете оптеретени со барањата кои се поставени пред вас и поради тоа ќе ги занемарите сите околу вас. Тоа нема да биде многу добро.
Не заборавајте дека вашата насмевка привлекува насмевки од другите, па обидете се да бидете порасположени за социјален живот.
Имунитетот не ви е на завидно ниво, затоа внимавајте на вашата исхрана.