Ќе имате можност за возбудливи состаноци кои ќе ви дадат крилја.
Размислете за иднината и кои идеи сакате да ги реализирате.
Искористете ја инспирацијата и смислата за убаво таму каде што е потребно. Наместо да сте суетни и да се величате себеси, потрудете се на околината да и пренесете нежност и топлина.
Поминувајте време сами и трудете се да јадете здраво за да не си создадете компликации поради стресот.
Ќе сакате да флертувате, но за жал постои голема шанса дека вашите очекувања нема да бидат оправдани и ќе бидат одбиени.
Ќе морате да донесете многу важни одлуки, како за себе, така и за другите. Резултати нема да бидат веднаш видливи, и ќе треба малку да почекате.
Бидете претпазливи во своите реакции, кои можат да бидат прилично избрзани, нервозни, а вие, поради други причини кои немаат врска со конкретното случување, да бидете расположени за расправија.
Повремено ќе чувствувате слабост и омалаксаност и можни се настинки, но и вирусни инфекции.