Ако сте во криза, ќе треба да се смирите и да му дадете уште една шанса на партнерот, ако пак сте сами ќе имате многу позитивни средби.
Ќе имате ситуации кога ќе се чувствувате сами и како сите да ви свртеле грб, но сепак и тоа ќе го надминете.
Ќе сфатите дека дури и негативните настани може да бидат корисни. Тие не учат на лекции кои не можеме да ги научиме на друг начин.
Умствено сте многу силни, а и физички ќе се чувствувате добро.
Избегнувајте да се изолирате бидејќи љубовта може да демне зад аголот.
Ќе бидете многу задоволни со своите успеси и секако ќе се фалите пред луѓето, па ќе има многу кои ќе ви бидат љубоморни.
Ќе функционирате под влијание на радосни вести и пријатни изненадувања.
Здравјето ќе биде добро, но внимавајте на исхраната за да останете во добра форма.