Доколку ви се допаѓа личноста со кој подолго време се дружите, ќе морате да бидете поупорни во освојувањето.
Доколку не сте задоволни со моменталната работа, немојте да губите време и да дозволите некој да ве исцрпува, туку веднаш делувајте.
Имате можност да се докажете пред партнерот, но и пред членовите на семејството. Многу ве иритираат коментарите од околината за вашиот љубовен живот.
Пожелно е да практикувате умерена физичка активност. Потребен ви е мир, чист воздух и прошетка во природа
Неверојатно сте вљубени, но и непотребно посесивни и љубоморни.
Ќе мора да се соочите со нездравите идеи и да надминете некои мали проблеми.
Не дозволете вашите емоции да влијаат на расправиите со блиските. Препуштете се на уживањето и љубовта, бидејќи партнерот навистина ќе ви ја даде поддршката која ви е потребна.
Немате потреба за грижи, но внимавајте на телесната тежина