Доколку сте во врска или брак, ќе ви одговара да минувате време со саканата личност и да отпатувате некаде подалеку.
Идеите кои созреваат во вас може да го одредат вашиот живот во иднина.
Оптимизмот ви недостигаше во подолг период, кога почнувавте дури и да се сомневате во своите способности и во работите дали воопшто правилно ги правите.
Повремено ќе чувствувате слабост и омалаксаност и можни се настинки, но и вирусни инфекции.
Се обидувате да задржите неутрална и независна позиција. Тоа навистина е најдобрата стратегија. Почекајте подолго, можноста која долго време ја чекате наскоро ќе се појави.
Нема да ги решавате работите во еден здив и ќе ви биде потребна поддршка од колегите и соработниците.
Ќе бидете многу внимателни кон другите, особено вашите најблиски.
Ќе чувствувате потреба за движење и ќе ја подобрите вашата кондиција. Практикувајте спорт.