Не паѓајте на слаткоречивост бидејќи некои ќе сакаат само да ја искористат вашата добрина и ранливост.
Доколку не сте задоволни со моменталната работа, немојте да губите време и да дозволите некој да ве исцрпува, туку веднаш делувајте.
Единствено што може да Ви донесе проблеми денес е пасивноста.
Метеоропатите ќе бидат чувствителни на промената на времето. Одмарајте повеќе.
Најголем љубовен предизвик ќе најдете во стрелецот. Ќе бидете маѓепсани од неговиот широк поглед на светот. Ќе ви се допадне неговото гледање во иднината, наместо навраќање на минатото.
Ќе мора да се соочите со нездравите идеи и да надминете некои мали проблеми.
Ќе сфатите дека дури и негативните настани може да бидат корисни. Тие не учат на лекции кои не можеме да ги научиме на друг начин.
Потребно е повеќе време да поминувате надвор и да се движите. Можни проблеми со дишни патишта.