Пробајте да се водите од инстинктите и ако внатрешниот глас ви говори дека е време за нешто ново, послушајте се себеси и завршете ја врската која не ви носи ништо убаво.
Довршете ги задачите и проектите на кои работите во моментов.
Внимавајте колку откривате пред другите за вас. Бидете отворени, но не и за деталите кои може да станат пикантен трач.
Бидете во движење и занимавајте се со спортско рекреативни активности, тоа позитивно ќе влијае на вашиот имунитет.
Не паѓајте на слаткоречивост бидејќи некои ќе сакаат само да ја искористат вашата добрина и ранливост.
Целиот ден, вашиот ум ќе биде вклучен во проблемите со работата. Нема да го почувствувате времето.
Искористете ја инспирацијата и смислата за убаво таму каде што е потребно. Наместо да сте суетни и да се величате себеси, потрудете се на околината да и пренесете нежност и топлина.
Доколку се занимавате со физичка активност, внимавајте и бидете умерени.