Чувствата нема да бидат во преден план како работата или социјалниот живот, па ако сте сами, ќе ви биде тешко.
За да ги завршите сите проекти на време, ќе ви биде важно да се организирате, но и да се договорате со колегите и со нив да направите прецизни планови.
Разговор со некој близок може да ви биде од корист - ќе разгледате некој проблем од друг агол и ќе донесете разумна одлука.
Повремено ќе чувствувате слабост и омалаксаност и можни се настинки, но и вирусни инфекции.
Ако сте во криза, можете да предложите мала пауза за размислување, но, во реалноста, таа пауза ќе ви донесе и ослободување.
Многумина ќе гледаат пример во вас кога станува збор за вашето однесување на работа.
Некој кој ви наклонет ќе ви даде до знаење дека на него можете безусловно да сметате.
Ќе чувствувате потреба за движење и ќе ја подобрите вашата кондиција. Практикувајте спорт.