Најголем љубовен предизвик ќе најдете во стрелецот. Ќе бидете маѓепсани од неговиот широк поглед на светот. Ќе ви се допадне неговото гледање во иднината, наместо навраќање на минатото.
Работа, работа и само работа - ќе бидете концентрирани само на тоа и така ќе го трошите своето време и енергија.
Не надевајте се дека прекинувањето на контактите со некои личности нема да доведе до прекин на односи од кои имате потреба.
Избегнувајтре претерување во задоволствата. Движете се повеќе.
Денес романтиката е последното нешто на што ќе се сетите.
Преземете смели чекори кон остварување на целите кои си ги задавате себеси и сконцентрирајте се на работата, за да ги избегнете грешките.
Многумина од вас ќе се почувствуваат силни, па полни со енергија ќе се обидат да ги потиснат, во најдобар случај и да ги решат, проблемите кои ве притискаат уште од минатата година.
Практикувајте лесна физичка активност, но не се исцрпувајте.