Ден на љубов. Кој нема љубов, може да создаде вистински услови за да ја пронајде, а оние што веќе ја имаат ќе живеат повторно моменти на страст.
Што се однесува до материјалната страна нема да имате потешкотии, дури и ќе успеете да заштедите сепак, однесувајќи се помалку „скржаво”.
Внимавајте колку откривате пред другите за вас. Бидете отворени, но не и за деталите кои може да станат пикантен трач.
Конзумирајте повеќе зеленчук.
На љубовен план, би требало да уживате во љубовната атмосфера и разбирањето, а ѕвездите им се насмевнуваат и на оние кои се сами.
Сега е време да размислите за вашите интереси, да ги балансирате односите, особено оние во кои вие давате многу, но за возврат, добивате малку или ништо.
Во поладневните часови опуштете се во друштво на пријателите и семејството.
Повеќе движење, а и добро е да се вратите на спортските активности.