Слободно испитувајте нови нешта, но внимавајте на својата импулсивност. Работите ќе се развиваат на љубовен план, но со исто темпо и ќе исчезнуваат ако не бидете внимателни.
Ако сте покорни и послушни, ќе бидете во можност да ги задоволите и најпребирливите клиенти или шефови.
Бидете повнимателни со трошењето, и ако имате проблеми со готовина, размислете дали сте ги преценеле вашите способности и дали сега треба да штедите.
Здравствената состојба ви е повеќе од одлична, а многу од вас ќе се чувствуваат совршено.
Љубовниот живот ќе ви биде меѓу среќа и опасност, а секако очекувајте случајна средба.
Време е радикални промени, понекогаш неочекувани, но истовремено идеални за донесување одлуки за оние кои имаат намера да си го сменат животот
За да се изборите за слобода, подготвени сте да се впуштите во расправии со партнерот или со членовите на неговото семејство, но и со членовите на вашето семејство.
Движете се и тренирајте повеќе.