Поради различните мислења и интереси, ќе доживеете мала караница со партнерот. Но, не грижете се непотребно, напнатоста во воздухот ќе исчезне.
Ќе се соочите со мали проблеми на работното место од кои сепак, ќе најдете излез.
Многумина ви замеруваат дека многу зборувате за своите планови и тоа на лица кои не знаат да ве ценат. Подготвени сте да ја подобрите вашата репутација.
Психо-физичка форма не претставува проблем, но искористувајте ги викендите на отворено за да ги обновите бронхиите кои се ваша слабост.
Ќе почувствувате дека љубовта ви станува рутина, па не е лошо да додадете малку „зачини“
Добар период за инвестиции. А може и поднова – нов стан или нов автомобил.
Кога поставеноста на ѕвездите ви се насмевнува, сетете се дека треба да направите нешто добро и за другите.
Водете сметка за здравјето, хранете се поздраво и вежбајте.