Овој двојник на Мајкл Џексон тврди дека немал ниту една операција за да го добие овој изглед
Мајкл Џексон беше кралот на поп музиката и на некој начин сѐ уште е, но овој двојник е дефинитивно „крал на двојниците“ на познатата ѕвезда затоа што тој тврди дека изгледот го постигнал без ниту една пластична операција. 28-годишниот Фабио Фернандез од Грејт Јармут, станал познат по тоа што изгледа точно како ѕвездата. Иако не е единствениот двојник на Џексон најверојатно е единствениот кој нема направено драстични операции за да изгледа така. Кога подобро ќе размислиме и самиот Мајкл Џексон имал направено голем број операции за да изгледа така.
Но, не и Фабио. тој преку употреба на техники за шминкање и контурирање го постигнува изгледот и кога ќе се појави пред луѓето тие мислат дека виделе дух. Фабио е голем обожавател на Џексон и тој одбива да поверува дека е мртов.
„Растејќи, луѓето велеа колку многу личам на него, па решив да продолжам и да го прифатам неговиот изглед. За среќа, повеќето од моите карактеристики се многу слични на МЏ, имам јака линија на вилицата и исти темно кафени очи.“, вели Фабио.