Доколку сте во врска или брак, ќе ви одговара да минувате време со саканата личност и да отпатувате некаде подалеку.
За да ги завршите сите проекти на време, ќе ви биде важно да се организирате, но и да се договорате со колегите и со нив да направите прецизни планови.
Разговор со некој близок може да ви биде од корист - ќе разгледате некој проблем од друг агол и ќе донесете разумна одлука.
Повремено ќе чувствувате слабост и омалаксаност и можни се настинки, но и вирусни инфекции.
Нема да ви недостасуваат романтични средби, искористете ги и не ги штедите емоциите!
Сега е време да размислите за вашите интереси, да ги балансирате односите, особено оние во кои вие давате многу, но за возврат, добивате малку или ништо.
Би можеле да ги освојувате луѓето и да ја решите секоја ситуација со помош на здравиот разум и разговор.
Ќе имате динамична психофизичка форма, ќе бидете и витални и многу ќе се движите, но мало предупредување: не ја преценувајте својата енергија.