Пробајте да се водите од инстинктите и ако внатрешниот глас ви говори дека е време за нешто ново, послушајте се себеси и завршете ја врската која не ви носи ништо убаво.
Ако се чувствувате уморни или претходните денови напорно сте работеле, направете пауза - инаку ризикувате да се преоптоварите ментално или физички.
Внимавајте колку откривате пред другите за вас. Бидете отворени, но не и за деталите кои може да станат пикантен трач.
Водете повеќе сметка за здравјето и делувајте превентивно.
Во љубовта сте прилично таинствени, се обидувате да го заинтригирате партнерот.
Во вечерните часови оддајте се на вашето омилено хоби за да се опуштите.
Со нешто сте незадоволни и колку и да се обидувате да го сокриете тоа, околината забележува дека со вас се случува нешто. Можно е да сте на некого љубоморни или пак вашиот љубовен живот е незадоволувачки и тука е сржта на сите ваши проблеми.
Избегнувајте предели со трева. Кај постарите се можни проблеми со зглобовите.