Не паѓајте на слаткоречивост бидејќи некои ќе сакаат само да ја искористат вашата добрина и ранливост.
Првата половина од денот е погодна за извршување на сè што неодамна сте планирале.
Некој член на семејството ќе ви соопшти прекрасни вести кои ќе ве изненадат.
Можни се повреди. Не претерувајте и одмарајте се повеќе.
Слободните имаат големи шанси да запознаат потенцијален партнер во работното опкружување, а ќе имаат помош од членот на семејството за да заживее романтичната приказна. Ако сте во брак или врска треба да се подготваите за соочување со предизвиците, и да дозволите односот со партнерот полека да се развива.
Деловните односи ќе ве уморат и веројатно ќе треба да имате посериозен разговор со колега или работодавачот.
Бидете претпазливи во своите реакции, кои можат да бидат прилично избрзани, нервозни, а вие, поради други причини кои немаат врска со конкретното случување, да бидете расположени за расправија.
Ова е одличен период за професионалните спортисти.