Доколку сте во врска или брак, ќе ви одговара да минувате време со саканата личност и да отпатувате некаде подалеку.
Не двоумете се да побарате унапредување или да започнете проект: имате голема можност да добиете позитивен резултат!
Конечно ќе ги добиете посакуваните пофалби од членовите на семејството.
Ќе чувствувате потреба за движење и ќе ја подобрите вашата кондиција. Практикувајте спорт.
Доколку сте во долга врска и со партнерот поминувате маклу време заедно, и на двајцата ви е потребна промена.
Со оглед на тоа што сте навикнати да држите сѐ во себе и да не им се спротиставувате на надредените, може да се случи поради замор да бидете под голем стрес.
Ставете се себе си во центарот и обидете се да соработувате добро со сите останати.
Повремено ќе чувствувате слабост и омалаксаност и можни се настинки, но и вирусни инфекции.