Претставниците на овој знак кои се во брак или во стабилна врска ги очекуваат расправии. Работите брзо можат да се доведат во ред доколку бидете подготвени отворено да го изразите тоа што ве прави незадоволни.
Доколку не сте задоволни со моменталната работа, немојте да губите време и да дозволите некој да ве исцрпува, туку веднаш делувајте.
Многу е веројатно денес да го промените радикалното мислење за некои блиски личности.
Метеоропатите ќе бидат чувствителни на промената на времето. Одмарајте повеќе.
Љубовниот живот ќе биде полн со контрадикторности. Држете се до своите ставови и не дозволувајте вашиот партнер да го има главниот збор, бидејќи вие сте тие кои се рационални во врската, додека вашиот партнер сонува и идеализира.
Ќе направите сè и денот ќе биде повеќе од успешен.
Разговарајте со со член на вашето семејство за вашите планови за идните промени - најдобро е да одлучувате заедно како да постапувате.
Ќе бидете подложни на инфекции, воспаленија, но и повреда од остри предмети. Поминувајте го слободното време на чист воздух.