Доколку не сте во врска, некој од вашите пријатели ќе сака да ве запознае со некоја интересна личност, прифатете ја понудата.
Не се оптоварувајте со она што го зборуваат завидливите колеги.
Внимавајте колку откривате пред другите за вас. Бидете отворени, но не и за деталите кои може да станат пикантен трач.
Обидете се поздраво да се храните.
Ќе морате да направите одредени отстапки за луѓето кои ги сакате или пак да ги пуштите да си одат оние кои веќе не ви значат.
Во вашата работа ќе го покажете талентот, па оттука се очекувани и нови одговорности.
Искористете ја инспирацијата и смислата за убаво таму каде што е потребно. Наместо да сте суетни и да се величате себеси, потрудете се на околината да и пренесете нежност и топлина.
Доколку не почнете да внимавате на вашето здравје наскоро ќе ги почувствувате последиците.