Најголем љубовен предизвик ќе најдете во стрелецот. Ќе бидете маѓепсани од неговиот широк поглед на светот. Ќе ви се допадне неговото гледање во иднината, наместо навраќање на минатото.
Ако се чувствувате уморни или претходните денови напорно сте работеле, направете пауза - инаку ризикувате да се преоптоварите ментално или физички.
Внимавајте колку откривате пред другите за вас. Бидете отворени, но не и за деталите кои може да станат пикантен трач.
Водете повеќе сметка за здравјето и делувајте превентивно.
Не паѓајте на слаткоречивост бидејќи некои ќе сакаат само да ја искористат вашата добрина и ранливост.
Можете да разговарате со вашиот шеф за унапредување или за зголемување на платата - постои шанса да постигнете успех.
Со помош на шармот и сопствената сила ќе успеете да ги совладате проблемите.
Можни се повреди. Не претерувајте и одмарајте се повеќе.