Љубовникот на мама (виц)

Мажот се втурнува дома и ѝ вика на жена си:
– Знам сѐ! Каде е тој?!
Жената:
– А јас не знам? Кој каде е?
Мажот ѝ го поставува истото прашање и на бабата, но го добива истиот одговор. Се врти кон синот и му вели:
– Сине, помогни ми да го најдеме љубовникот на мајка ти!
Малиот се наведнува под креветот и вели:
– Чичо Киро, да не си го видел љубовникот на мама?