Според истражувањето на швајцарската ICERTIAS, МОТИКА е најдобриот веб сајт во Македонија

Македонците сакаат да возат Мерцедеси, да пијат Нескафе, да го гледаат Меси на натпревари на Барселона, а омилена веб дестинација им е МОТИКА.

Покрај гореспоменатите Мерцедес, Нескафе, Меси, Барселона и Мотика, со QUDAL – QUality meDAL „Бр 1. по квалитет” се закитија и Бимилк (категорија: млеко); Пелистерка (категорија: минерална вода); Нивеа (категорија: крем за лице); Дел (ноутбук комјутери); Адидас (спортска облека); Стопанска банка (банка); Триглав Осигурување (осигурителна компанија), Виза (кредитни картички) и други.

Сертификатите и медалите на QUDAL – QUality meDAL се доделуваат врз основа на независно истражување на пазарот кое го спорведува швајцарската организација ICERTIAS – Меѓународно здружение за сертификација ГмбХ.

Само компаниите, брендовите, услугите и производите кои освоија најмногу гласови од потрошувачите во независното истражување на пазарот QUDAL – QUality meDAL, во една од категориите вклучени во истражувањето, можат да го добијат заштитениот златен медал „QUDAL- TOP QUality meDAL“ со најмногу пет ѕвезди за квалитет и статус – „Бр 1. по квалитет”.

МОТИКА им нуди на потрошувачите апсолутно највисоко ниво на квалитет за нивните пари – според мислењето на самите потрошувачи, врз основа на независно истражување на пазарот спроведено од страна на швајцарската организација ICERTIAS.

МОТИКА освои најмногу гласови од потрошувачите (Бр. 1 по квалитет) во нашето истражување QUDAL – QUality meDAL за 2014/2015 година спроведено во Република Македонија во текот на март, 2014 година на примерок од 1200 испитаници – главно население кое користи интернет.

Истражувањето беше спроведено преку интернет прашалник со употреба на методологијата CAWI – DEEPMA (Интервјуирање на интернет потпомогнато од компјутер – Избор по подолго размислување) од страна на швајцарската организација ICERTIAS.

Конкретното прашање со кое освоивте најмногу гласови беше:
“Наведете го името на веб-страницата со содржина на македонски јазик (или интернет-портал на македонски јазик) која, според Вашето искуство и мислење како и според искуството и мислењето на Вашите блиски, нуди највисоко ниво на квалитет во Македонија: ”
Најголем број испитаници на ова прашање одговорија со „MOTIKA“.

Сите прашања во испитувањето на QUDAL беа отворени, односно на испитаниците не им беа понудени готови одговори од кои тие можат да избираат под a), б), в). Испитаниците слободно можеа да ги наведат името на производителите и на давателите на услуги кои, според нивното искуство, нудат апсолутно највисок квалитет на пазарот.

Истражувањето QUDAL не ја мери вредноста на брендот или уделот на пазарот, туку искуството на потрошувачите, нивното мислење, задоволство и перцепција за тоа кој нуди апсолутно највисок квалитет на пазарот – Бр. 1 по квалитет.

Повеќе за истражувањето QUDAL можете да најдете на официјалната интернет страница www.qudal.hr.

Кликнете овде за да го видите сертификатот.