Љубовта помеѓу животните е силна! Откако лавот починал лавицата се откажала од животот само по неколку дена

Иако многу луѓе мислат дека трогателната романтика се случува само кај луѓето, сепак многу ситуации докажуваат дека и животните имаат емоции кон своите партнери.

Лавот Зенда и лавицата Исис починаа еден по друг во период помал од две недели. Двајцата африкански лавови требало да наполнат 14 и 15 години оваа година, во Зоолошката градина Брукфилд, Чикаго.

Во изјавата се вели дека, пред Божиќ, Зенда имал потешкотии да застане и да шета, па му биле дадени лекови за да ја олеснат болката. Потоа, на 2 јануари, неговата благосостојба „драматично се намалила“, па била донесена тешката одлука да се еутанизира големата мачка.

По неговата смрт. Исис го променила расположението и однесувањето и станала многу изолирана. На 13-ти јануари Исис била пронајдена како лежи во мочуриштето во нивното живеалиште за лавови. Заклучено било дека лавицата паднала од некаде и сериозно се повредила. И покрај непосредната медицинска помош што ја добила лавицата, таа имала „значајни повреди“, а одлуката да се еутанизира е донесена следниот ден.