Џенифер Анистон наполни 51 година и никој не може да поверува во тоа по нејзината роденденска фотосесија

Порано или подоцна ќе се соочите со неизбежното. Колку и да велиме дека годините се „само бројка“ суптилните знаци на стареење си доаѓаат како непоканет гостин. Освен ако не сте киборг … или Џенифер Анистон. Во нејзината нова фотосесија за списанието Интервју, омилената од „Пријатели“ не изгледа ниту ден постаро од нејзиниот лик Рејчел Грин од серијата. Актерката е благодарна што ги „слави жени на секоја возраст“ и вели дека „да се има 51 година е прилично забавно“.

Лејон Азубуике, личен тренер на актерката, вели дека распоредот за теретана на Џени е толку интензивен што може да се протега до „монструозни“ седум недели со тренинг. Како тоа да не е доволно, таа неодамна ја откри нејзината љубов кон боксот. Додадете здрава исхрана и релаксација во миксот и ете го рецептот за „фонтаната на младоста“ на Џенифер.