Јапонски спортски олдајмери чинат многу повеќе од ново Ламборџини

Колку и да не се разбирате од автомобили веруваме дека претпоставувате дека еден Нисан е многу поевтин од Ламборџини или Ферари.

Но кога еден Нисан е стар скоро 50 години и е во совршена состојба сепак, излегува дека автомобилот всушност може да вреди повеќе од неговите модерни еквиваленти – како што беше случајот со еден Datsun 240Z кој неодамна се продаде на аукција.

Јапонскиот спортски автомобил од 1971 година се продаде за 310.000 американски долари на аукција надминувајќи ја цената на нов Ламборџини, кој може да се купи за околу 200.000 долари, почетна цена. Автомобилот беше даден на аукција на Bring A Trailer и го собори претходниот рекорд на страницата за моделот; следната највисока продажба за „Датсун 240Z“ достигна нешто повеќе од 124.000 американски долари, што сепак е огромна цена за автомобил што обично се купува за околу 50.000 долари.

Всушност, аналитичар за информации за вреднување во Хагерти – осигурителна компанија специјализирана за осигурување на класични автомобили – вели дека тоа е „најоригиналниот Datsun 240Z кој постои“. Автомобилот има само 35.000км на километражата, што е еднакво на приближно 700км годишно во текот на животот на автомобилот; тој бил управуван само кога било сончево и најмалку 30 степени надвор, па оттука и неговата беспрекорна состојба; а на списокот се вели дека и бојата на автомобилот е оригинална.

Внатрешноста е исто така тапацирана во кафеав винил и внатрешноста е сосема оригинална, заедно со безбедносните ремени, задните панели и потпирачите за рака. Единствено што е сменето во инаку недопрениот автомобил е дистрибутерот, кој бил бил претворен на електронско палење, при што 240Z сè уште е опремен со неговиот оригинален 2,4-литарски линиски-шест мотор.

Сопственикот бил забар кој исто така го добил автомобилот на подарок од неговиот татко кога дипломирал. Откако тој починал во мај минатата година негов колега забар го купил автомобилот и тој го дал на аукција. Да се надеваме дека и наредниот сопственик ќе го одржува во ваква одлична состојба.