„Јас му бев прва сосетка на Адолф Хитлер“: Еврејка открива што сѐ видела кога живеела до фирерот во 1920-тите и 30-тите години

Алис Френк Сток која има 101 година, со години живеела во ист стамбен блок заедно со нацистичкиот диктатор додека растела во Германија во 1920-тите и 30-тите.

Нејзиното семејство живеело во Принцрегентплац, Минхен, само неколку врати од една од најпознатите личности во историјата, која се преселила во блокот во 1929 година.

Г-ѓа Сток рече дека понекогаш го гледала Хитлер како го внесуваат во зградата со високи чувари на СС, најверојатно страв од обид за атентат. Исто така кружеле гласини за неговите ноќни активности, вклучувајќи ја и мистериозната судбина на неговата внука Гели Раубал, со која, наводно, бил во врска.

Таа вели дека еднаш видела како изнесуваат ковчег од домот на Хитлер и таа и останатите верувале дека тоа е телото на Гели, која под нивна претпоставка се застрелала. Но, таа и нејзиното семејство биле принудени да ја напуштат Германија и да се преселат во Лондон, Англија, само неколку дена пред избувнувањето на Втората светска војна. Тогаш Алис имала 18 години.

Сега живее во Домот за нега на Друид Стоук Бупа во Бристол и може да се сети на нејзините денови во богатиот кварт и нејзиниот „познат“ сосед.

„Живеевме во куќа, голема куќа, имаше два влеза. Едниот беше наш стан, број 14 – другиот беше или број 13 или 15. Таму живееше Хитлер. Слушнавме многу [гласини], од готвачот и од другите. Видовме ковчег кој го изнесуваат од влезот. Мислам дека внука на Хитлер живееше таму и тогаш таа почина. Имаше шпекулации за тоа како и кога починала.“, вели Алис.

Раубал навистина си го одзеде животот во станот на Хитлер во Минхен во 1931 година со пиштол на 23-годишна возраст – иако теориите за неговата вмешаност во смртта продолжуваат и денес. Односот на Хитлер со неа – ќерка на неговата полусестра – беше прашање на контроверзии дури и во рамките на нацистичката партија. Беше шпекулирано меѓу современиците дека парот бил во романтична врска – и покрај 19-годишниот јаз и семејните врски.

Алис работела за ББС и за време на војната слушала радиоврски и пренесувала новости од фронтот. Така таа се запознала со нејзиниот сопруг Рој со кој била во врска 38 години пред официјално да се венчаат во 2004 година.