Јутуберка креираше сијалица која „трепка“ секогаш кога некој ќе раскине на социјалните мрежи

Интригантната направа е измислена од јапонска Јутуберка. Според неа сијалицата ќе послужи луѓето кои немаат момче или девојка да не се чувствуваат толку осамено.

Иако сѐ уште производот не е во продажба сепак исто така би бил одличен подарок за некој пријател/ка кој/а одамна немаат партнер.

Сијалицата може да изгледа обична, но откако ќе се поврзете на Интернет преку „мост“, може да се постават предупредувања за откривање на нови постови на социјалните мрежи за раскинување на врски и сијалицата почнува да трепка.

Марина Фуџивара, која го создала уредот, на својот блог пишувала за „огромното чувство на осаменост“ кое го чувствува кога ги гледа другите парови заедно како уживаат во Божиќ.

„Овој [апарат] е популарен IoT домашен апарат кој ви овозможува да ја прилагодите светлината и бојата на сијалицата од вашиот паметен телефон. Исто така, ако се поврзете на други апликации и ја вклучите електричната енергија кога пристигнувате дома, можностите се бесконечни. Како прво, поврзете „мост“ што ќе стане центар за поврзување на сијалицата со Интернет. Поставувањето е завршено со едноставно поврзување на WiFi рутер дома со кабел за LAN. Многу лесно.“, објаснува Марина.

Следејќи го сето ова, можете да создадете „активирање“ преку Твитер со зборови како „раскинување“ или слични термини, што потоа ќе предизвикаат сијалицата да трепка.