Јутуберка вели дека ја опседнува дух, откако нешто морничаво се случи додека снимаше рекламно видео

Дејзи Маркез, инфлуенсерка и јутуберка со 1,3 милиони претплатници на YouTube, се преплаши откако додека снимаше рекламно видео за производи нешто морничаво почна да се случува зад нејзиниот грб. Дејзи вели дека ова не е прв пат да ѝ се случуваат кави работи и дека порадо тоа се преселила од претходниот стан.

Пред да се случи „паранормалниот инцидент“ девојката вели дека ѝ се случило нешто прилично чудно тој ден: „Се обидувам да соберам два и два и ми е чудно што паднав по скалите порано денес… Не се сопнав не бев на мојот телефон, само паднав по скалите како нешто да ме туркаше … Сметам дека е толку бизарно и страшно сега кога се случи ова.“ Што мислите вие духови или само кревање на рејтинг?

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.