1.000.000 долари за оној што ќе може да го дешифрира значењето на натписите од долината Инд

Властите на индискиот сојузен регион Тамил Наду понудија награда од еден милион долари за оној што ќе успее да ја дешифрира тајната писменост на цивилизацијата од долината на Инд. Станува збор за една од најстарите цивилизации на светот, која постоела пред околу 5300 години на територијата на денешна Индија и Пакистан. Индската цивилизација била високоразвиена, со урбанистички уредени градови, дво- и трокатни куќи, напредни системи за водоснабдување и канализација. Сепак, најголемата мистерија останува нивната неразјаснета писменост.

Првиот артефакт со вакви знаци бил откриен во 1875 година во Харапа (Пакистан), од страна на британскиот археолог Александар Канингем. Печати со симболи – кратки секвенци од 5-6 знаци – биле пронајдени во илјадници примероци. Од вкупно 5644 артефакти, 3821 содржат натписи, со вкупно 18 680 симболи. Реткост претставува натписот од Дхолавира со 9 симболи – најдолгиот досега откриен.

 

1.000.000 долари за оној што ќе може да го дешифрира значењето на натписите од долината Инд

Други мистериозни писмени системи

Недостигот на подолги текстови, како и отсуството на нешто слично на Розетскиот камен, го прави дешифрирањето речиси невозможно. Без паралелен превод или податоци за јазикот, истражувачите немаат јасна основа за анализа.

Главниот министер на Тамил Наду, Мутхувел Карунаниди Сталин, одлучил да поттикне глобален интерес преку парична награда. Овој потег потсетува на успешен случај од 2023 година, кога со помош на вештачка интелигенција биле прочитани изгорени латински свитоци од Херкуланум.

Индската писменост е само една од неколкуте мистериозни писмени системи, заедно со Линерано писмо А од Крит, ронго-ронго симболите од Велигденскиот остров и таинствениот Ракопис на Војнич, за кои науката сè уште нема одговор.

 

Други мистериозни писмени системи

  • Васе напиша:

    Пред некој ден гледав на Дискавери како се дешифрирани египетските хиероглифи…
    Било потребно огромен труд и 23 години макотрпна работа!!!
    Се е можно, само некој треба да се заинати! Инаетот е мотор на човештвото…
    „За инает и Марко Крале би се потурчил“ (македонска народна мудрост).

  • Rusiot напиша:

    Vase aj ne jadi baburi jadi trici

  • Rac напиша:

    Samson od bibliski vreminja mozno e i Daniel od lavovskata jama od Vavilon,angelot sto go zastitil.

  • Спасе напиша:

    А дали некој размислил дека и во тоа време можеби имало уметници како денешниве што се расфрлаат хаотично и не личи на ништо таа слика АМА ПОСЛЕ НЕКОЈ МИЛЕНИУМ НАУЧНИЦИТЕ ОД ТОА ВРЕМЕ: Долго пред нас некој можеби ја открил тајната на универзумот. Можеби се ова мапи од вселенско патување 🤦🏻‍♂️

  • Петре напиша:

    Прв квадрант: Индиски вол
    Втор:Индиски слон
    Трет: Индиско говедо до столна лампа
    Четврт: Седнат чуден индиец
    Малку се намачив ама успеав.

  • Gogo напиша:

    Zar ne gledate deka se stripovi ….

  • Ivo напиша:

    Seto ova e zabuna i zabluda,nekogas i sega e skoro slicno i toa sto pretstoi,toa e odgovorot,zivotnite go znaele patot na ludjeto i obratno

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *