1.369 вампири се собраа пред пред урнатините на католичкиот манастир Витби, за да го прослават 125-тиот роденден на Дракула и тоа не е сè
Првиот повод за собирот беше 125 години од објавувањето на романот на „Дракула“ на Брем Стокер, а вториот повод беше соборувањето на светскиот рекорд на најмногу луѓе облечени како вампири.
Местото не е случајно одбрано. Стокер бил во посета на Витби, во Јоркшир, Велика Британија, во 1890 година и се смета дека урнатините на таа готска опатија биле инспирација за неговото дело. Претходниот рекорд бил поставен во 2011 година во Досвел, во сојузната американска држава Вирџинија, каде се собрале 1039 „вампири.“

























