10 добри афоризми за ситуацијата во која сме заглавени
Колку јас можам да лежам, тие толку карантини не можат да измислат.
– – – – – – –
Настапија тешки времиња за мажите, кои им велеа на своите жени: „Ќе го поправам тоа кога ќе имам време!“
– – – – – – –
За оние од вас кои се чудат зошто ја нема пролетта, да знаете дека е под карантин до 18-ти мај!
– – – – – – –
Карантинот прави чуда:
– Една жена го изневери својот љубовник со мажот си.
– – – – – – –
Според најновата анкета на репрезентативен примерок, 52% од мажите во Македонија во време на пандемија посегаат по чашката. Останатите 48% пијат од шишето.
– – – – – – –
Нов женски проблем – има што да облече, но нема каде да оди.
– – – – – – –
Прв пат во историјата на човештвото, секоја жена знае каде е мажот ѝ.
– – – – – – –
– Шефе, ќе има ли плата овој месец?
– Што ќе ти е плата, сѐ е затворено.
– – – – – – –
Ништо не ја краси жената која спие, како седнатото до неа детенце со фломастери.
– – – – – – –
Се молевте викендот да продолжи 7 дена? Е, претеравте со молитвите!