10 досетливи афоризми за повесел ден

Кажете ѝ на Катица да не се соблекува веќе, цело Скопје усвет фати!

– – – – – –

Тука во Македонија не прашуваме „Колку години си?“, туку „Која година си роден?“ и почнуваме да сметаме. Гледате ли какви математичари сме.

– – – – – –

Штом видиш жена-возач да ги пушта бришачите на сончево време – ПАЗИ СЕ!!! Ќе врти!

– – – – – –

Кога ќе слушнеш звук од багер надвор, наполни 2-3 шишиња вода додека има.
– Стара македонска поговорка

– – – – – –

Жената има две мисии во животот – да го смири мажот кога е изнервиран и да го изнервира кога е смирен.

– – – – – –

Едно време, детската невроза, бабите ја лекуваа само со треви… На пример: Со гранка коприва по гол за*ник!

– – – – – –

Повеќето жени велат дека големината немала значење… Но, дали сте виделе вибратор од 10 см?!

– – – – – –

За да биде един маж среќен, тој треба да научи да се радува на малите нешта во неговиот живот – станот, платата, градите на жена му…

– – – – – –

Домот е таму каде што мажот по гаќи, а жената по прслук се разминуваат како градоносни облаци.

– – – – – –

„Кој одбива да ја прими задолжителната вакцина против ковид, да си плати лиценца за Виндовсот!“ – Бил Гејтс.