10 двојни стандарди со кои се соочуваат жените на секој агол

Двојните стандарди се вечна причина за човечкото страдање. На пример, студиите покажаа дека, поради родовата нееднаквост на финансискиот пазар, мажите имаат повеќе предности од жените.

Времето минува, но предрасудите во главите на многумина очигледно нема да бидат искоренети.

1.

Постои двојно мислење во општеството за козметиката. Откако луѓето ќе видат жена што носи шминка, веднаш ќе ја сметаат за лажна и евтина и ако жената воопшто не носи шминка, тогаш таа е сиво глувче кое не сака да им угодува на мажите. Како тоа?

2.

На жените сè уште им е кажано дека нивна должност е да го чуваат огништето во семејството. Сепак, често дури и домаќинките добиваат лоши коментари, а да не зборуваме за оние кои одбрале да градат кариера.

3.

Зарем е толку тешко да се замисли дека жена која сака да чита книги е зглавниот забавувач во друштвото или дека девојката која сака да оди во дискотеки е одлична студентка?

4.

Доколку жената сака да готви и прави прекрасни јадења значи не посветува доволно време на себе и треба да оди во салон за убавина, а додека пак жената која подготвува поедноставна храна не е вистинка домаќинка.

5.

Пред многу време беше вкоренет стереотип дека момците се идни физичари и програмери, а девојките се филолози и дизајнери. Така на момците им се помага и кога не имоди одредена работа…

6.

Тенка фигура, азурни очи и руса коса – таквата девојка ќе биде привлечна, без оглед на сѐ. Така што другите девојки често се мета на осуда и стереотипи.

7.

Симпатично е кога млада девојка чува мачки и се смета за мила и добронамерна, но кога тоа го прави возрасна жена таа веднаш е „стара мома“ или „луда тетка“.

8.

Кога жена ќе облече деколте очите се вперени кон неа. Некои осудуваат, некои завидуваат, а некои се воодушевуваат на смелоста. Но, кога жената треба да го надои детето градите одеднаш стануваат табу тема.

9.

Доколку жената си купи скап фустан за посебна пригода веднаш ја осудуваат дека е расипничка, а доколку не купува нова облека ја сметаат за проста и шкрта.

10.

Жените ги осудуваат дури и кога ги праќаат децата во градинка, доколку ги пратат велат дека се премногу мрзеливи за да се грижат за детето, а пак доколку не го пратат детето во градинка, егоистични се и не му дозволуваат да се социјализира.