10 едукативни Youtube канали за деца, кои ќе им помогнат да ја поминат изолацијата со леснотија
Едукативните канали на YouTube за деца овие денови стануваат многу популарна форма на учење. И не сме изненадени. Овие едукативни канали на YouTube се користат во училниците од наставниците, дома од родители и секако дека децата сакаат да ги гледаат затоа што е забавен и лесен начин за учење.
YouTube е голема платформа со многу видеа од кои може да изберете. Не само што треба да внимавате на видеата што треба да им ги покажете на вашите деца, исто така мора да бидете многу селективни за квалитетот и изворот на информациите, еве неколку канали кои ги исполнуваат овие услови и ќе им помогнат на вашите деца полесно да го пребродат карантинот.
Veritasium
Veritasium е видео влог за наука, кул демонстрирање на факти и стручни интервјуа. Да се зборува за пирамидите и всушност да се стои до нив, го носи предавањето на едно сосема ново ниво.
TED-Ed
Во рамките на растечката видео-библиотека TED-Ed, ќе најдете внимателно изработени едукативни видеа, од кои повеќето претставуваат соработка помеѓу талентирани едукатори и аниматори.
Minute Physics
Едноставно кажано на овој канал можете да гледате кул работи поврзани со физиката и науката.
The Spangler Effect
Дечкото зад камерата е супер кул наставник по наука. Неговата страст е да најде најкреативни начини за да го направи учењето забавно. Методите може да бидат неконвенционални, но целта е обичните научни експерименти да се претворат во незаборавни искуства за учење. И кога тоа се случува, се нарекува Spangler Effect.
V Sauce
Нашиот свет е неверојатен. Експерименти и факти кои го предизвикуваат умот.
PBS NOVA
NOVA е најгледаната серија за научни примарни вредности на телевизија која достигнува просечно по пет милиони гледачи неделно. Веб-страницата NOVA е пионер во учење со помош на веб содржини бидејќи дебитираше уште во 1996 година.
Make me Genius
Тоа е канал на YouTube за помлади деца. Видеата се лесни за гледање, тие се засноваат на приказни и цртани филмови.
Smithosnian
Има голем број на видеа од уметноста, дизајнот, историјата, науката, технологијата и културата.
PBS Parents/Adventurous Learning
Тука има забавни и едноставни идеи како да ги подобрите писменоста, математичките, социјалните и емоционалните вештини на вашето дете дома.
Full Time Kid
Маја е мало девојче кои стои пред камерата за сите едукативни трикови, симпатичните изработни и шегите. Малите деца дефинитивно ќе уживаат во нејзините видеа и ќе се инспирираат.