10 емотикони кои постојано ги употребуваме за погрешна намена
Сите ние сме големи љубители на емотикони и често мислиме дека емоциите подобро се изразуваат со емотикони отколку со зборови. Додека зборуваме, креаторите на емотикони работат дење и ноќе за да ги ажурираат сега традиционалните слики што првично беа создадени во Јапонија. Еве што најголем дел од нас мислат дека значат одредени емотикони и објаснување што всушност претставуваат тие.
10. Маникир

- Означува рамнодушност кон некого или нешто или дека не ни е грижа што луѓето мислат или зборуваат за нас.
9. Личност која ќе заплаче од тага

- Овој емотикон е всушност изразување понизност кога се бара нешто.
8. Здодевност

- Целта е да искаже лошо расположение и иритираност, а не досада.
7. Кога некој ќе остане без зборови

- Се користи да се сокријат емоции како разочарување или тага.
6. Календар

- На овој ден се одбележува „Интернационалниот ден на емотикони“.
5. Стрелка

- Ова е значка која ја добиваат младите возачи во нивната прва година од возење автомобил. Исто така се користи за да се посочи на некој почетник.
4. Спирала

- Сликата симболизира циклон, тајфун или торнадо. Исто така опишува чувство на вртоглавица.
3. Сарказам, иронија

- Овој емотикон е како да наведнувате раменици, едниставно искажува дека не ви е грижа за нешто.
2. Чудна направа

- Ова всушност е пејџер кој се користел во блиското минато.
1. Месечина и сонце

- Ова е традиционална карта од играта Ханафуда. Овој шпил припаѓа на Сусуки групата и го претставува месецот Август.
