10 филмови што секое дете треба да ги погледне пред да влезе во пубертет

Нема причина зошто возрасните да не можат да гледаат (и сакаат) филмови наменети за деца, но речиси е неизбежно тие да изгубат малку од својата магија кога не се гледаат низ млади детски очи. Денес ви претставуваме 10 филмови што секое дете треба да ги гледа пред да наполни 13 години или пред да го доживее пубертетот.

Приказна за играчките 2 (1999)

Зошто да го ставите ова продолжение на „Pixar“ на списокот и да го изоставите оригиналот? Некако, кога неговите креатори го превртеа сценариото за да му дозволат на акциониот  Баз Лајтјар да го спаси каубојот Вуди, приказната изгледаше посвежа. Анимацијата е исто така подобра, а сценариото е посмешно. Тука се прикажува потресната приказна на една играчка што остава впечаток што дури и возрасните ќе се чувствуваат како да му дале душа на компјутерски генериран лик. По гледањето на филмот децата ќе трчаат во своите соби за да ги гушнат своите недоволно искористени играчки.

 

Циркусот (1928)

Да ги натерате младите деца да ценат што било без боја или дијалог може да биде тешкотија. Сепак, ова тивко ремек-дело на Чарли Чаплин е преполно со толку многу пресврти и други имагинативни комични сцени што нема ни да им пречи што никој не зборува гласно. Тоа е одличен начин да се поттикне нивната љубопитност за постарите филмови уште на рана возраст.

 

Кралот Лав (1994)

Оваа анимирана музичка приказна со шекспирски размери е адаптирана за речиси секој медиум, но нејзината порака отсекогаш била иста без разлика дали ја гледате на сликовница или на екранот: „Запомни кој си“. Тоа е одлична идеја што децата треба да ја применат.

 

Шрек (2001)

„Dreamworks“ го преврте сценариото за бајките на Дизни со тоа што направи гротескен и чуден јунак на приказната. Сите го знаат зелениот симпатичен огар, чијашто добрина не останува незабележана. Тука се и останатите смешни ликови од приказната што развиваат симпатија кај секое дете.

 

 

Волшебникот од Оз (1939)

Кое дете не сакало да избега од своето секојдневие и да живее некаде над виножитото? Со децении, младите гледачи беа фасцинирани од патувањето низ веселата стара земја Оз, а сè до денес, приказната, песните и специјалните ефекти сè уште остануваат неверојатно добри.

 

Сам дома (1990)

Финалето на филмот е мастерклас по физичка комедија, па затоа е и одлично е да се гледа филм во кој протагонист под 10 години се однесува толку одговорно без неговите родители.

 

Коко (2017)

Иронично, овој филм за дете кое учи за историјата на неговото семејство за време на прославата на Денот на мртвите може да биде поинтензивен за родителите кои доживеале загуба отколку за помладите гледачи. Тоа е исто така одличен филм кој им ја покажува на децата важноста на семејството и традицијата.

 

Spirited Away (2001)

Голем дел од работата на „Pixar“ е под силно влијание на Хајао Мијазаки, а ова прекрасно детално аниме за една млада девојка која работи да ги ослободи своите родители од магијата на духовите е одличен пример.

 

Inside Out (2014)

Како што овој филм толку елоквентно и хумористично истакнува, сосема е нормално децата да чувствуваат тага, одвратност, лутина и страв. Затоа „Inside Out“ делува толку добро кај помладата публика и ги тера нивните родители да плачат неконтролирано.

 

Вили Вонка и фабриката за чоколади (1971)

И покрај сите опасности што демнат внатре, кое дете не би сакало да влезе во фабриката за чоколади на Вонка?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *