10 години затвор затоа што им Твитнал нешто на своите 37 следбеници и потоа го избришал

Семејството на Ахмед ал-Душ, британски татко на четири деца, го крена својот глас откако тој беше осуден на 10 години затвор во Саудиска Арабија поради избришан твит. Ал-Душ, 41-годишен аналитичар кој работел за Bank of America, бил уапсен во август 2023 на аеродромот во Ријад додека се обидувал да се врати во Манчестер со својата бремена сопруга и трите деца.

Тој бил обвинет за критикување на саудиската влада на социјалните мрежи и наводна поврзаност со дисидент со седиште во Лондон. Иако твитот, објавен во 2018 и подоцна избришан, не го споменувал Саудискиот режим и бил поврзан со војната во неговата родна Судан, тој завршил осуден и затворен во максимално обезбедена установа. Ал-Душ имал само 37 следбеници на својот профил.

 

10 години затвор затоа што им Твитнал нешто на своите 37 следбеници и потоа го избришал

„Ова е понижувачка пресуда“

Сопругата Амехер Нур изјави дека пресудата е „понижувачка“ и дека британската влада ја изневерила нејзината фамилија. Таа не добила никакви јасни информации за причините за осудата, а државно назначен адвокат само ѝ кажал дека е осуден – но не и зошто.

Нур исто така изрази загриженост за здравјето на својот сопруг, кој страда од проблеми со грбот и тироидната жлезда и покажувал знаци на ментална дистресија уште пред да биде изречена пресудата. „Тој треба да е дома со семејството, а не во пренатрупана ќелија полна со чад од цигари,“ изјави таа.

Нур го повика британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами да реагира, додавајќи: „Оваа пресуда треба да биде аларм за итна акција. Нашите деца имаат потреба од својот татко. Тој не направил ништо погрешно.“

 

„Ова е понижувачка пресуда“

Како може никој да не знае зошто тој е осуден?

Од британското МНР изјавија дека „не можат да се мешаат во правосудните процеси на други земји“, додека организацијата Reprieve која ја поддржува фамилијата, предупреди дека нешто е сериозно погрешно кога ниту семејството, ниту адвокатите, ниту британската влада не знаат зошто човекот е осуден.

Според Amnesty International, Саудиска Арабија сè повеќе применува строги закони против изразување на мислење на интернет, при што често ги користи законите за борба против тероризмот и сајберкриминал за да замолчи и „обични“ граѓани.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *