10-годишен јунак без размислување влетал во замрзнато езеро за да спаси деца кои не ги познавал, но почина заедно со уште две момчиња
Џек Џонсон (10) и уште две момчиња – на возраст од 8 и 11 години – ги загубија животите откако во неделата западнаа во неволја во замрзната вода. Четвртата жртва, на возраст од само шест години, се бори за живот во болница по трагедијата во паркот „Бабс Мил“ во Солихал, Вест Мидлендс.


Семејството и пријателите на Џек раскажале како малото момче храбро притрчало да им помогне на другите деца откако ги слушнало нивните врисоци. Тетката на момчето Шарлот Мекилмуреј рече дека тој размислувал само да ги спаси децата – кои не ги познавал и не се грижел за сопствената безбедност.
Таа на „Фејсбук“ објави: „Десетгодишното момче е мојот внук. Видел како еден минува низ мразот и истрчал и се обидел да ги спаси. Нашите молитви и мисли се со другите семејства. Ние сме скршени поради тоа. Да дознаете дека умрел обидувајќи се да спаси три момчиња… тоа кажува многу. Тој беше неверојатен.”



На бдеењето вчера вечерта, Шарлот изјави дека „болката е незамислива“. Но, таа нагласи дека е „милион пати полошо“ за другото семејство. Друг од роднините на Џек – кој побара да остане анонимен – рече: „Тоа беше најпогубниот ден во животот на нашето семејство“.
Се верува дека другите момчиња – на возраст од 6, 8 и 11 години – се од исто семејство.




Дејл Хјуит – пријател на семејството на жртвите – рече дека и дедото на момчињата очајно се упатил кон водата за да се обиде да го спаси својот внук.
Дејл изјави: „Го познавам таткото на Џек кој игра фудбал во локален тим. Тоа е една голема трагедија за семејството и ова ќе има огромно влијание врз целата заедница. Тоа што се случи е многу тажно. Имам две деца на возраст од шест и 11 месеци и тоа навистина ме погоди. Видов видео снимено од еден од блоковите на кулата, каде што можете да ги слушнете овие извици „Помош“ кои доаѓаат од езерото. Беше неподносливо“.



На децата им било интересно да одат по замрзнатото езеро, но мразот се скршил и тие пропаднале. Локалните жители стравуваат дека децата биле во вода и до 15 минути пред да бидат спасени. Откако граѓаните ги предупредиле, полицајците се втурнале во езерото во очајнички обид да ги извлечат младите од водата пред итно да ги однесат во болница. Денеска беше потврдено дека три од момчињата на возраст од 8, 10 и 11 години трагично загинале.
Полицајците рекоа дека ќе го проверат целото езеро темелно поради стравувањата дека повеќе деца би можеле да навлезат во водата бидејќи температурите се спуштиле во текот на ноќта до -3 Целзиусови степени. Ова ќе продолжи додека не бидат „апсолутно сигурни“ дека никој друг не е во вода.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно