10-годишно девојче се преплашило откако пронашло непоканет гостин на елката кој веќе 1 недела не сака да си оди
10-годишната Индија Њуман ги разгледувала украсите на елката во нивниот дом во Џорџија минатиот четврток. Одеднаш, еден од „украсите“ ја свртел главата и девојчето се преплашило.
Нејзината мајка Кејт вели дека Индија веднаш влетала во кујната плачејќи велејќи ѝ дека еден од украсите многу ја исплашил.
Секако мајката првин си помислила дека детето си замислува работи и без многу грижа тргнала кон елката за да го види „лошиот украс“. За дополнително да не ѝ верува бил фактот дека Кејт ставила неколку украси во форма на був на елката и мислела дека еден од нив случајно ја исплашил Индија.
Но, не! На елката имало вистински був кој си одмарал на елката. Бидејќи не сакале да го вознемират семејството ги оставило отворени сите прозорци и врати таа вечер. Сепак кога станале наутро бувот сѐ уште бил тука па дури се раскомотил и си застанал на врвот на елката.
Во саботата, вработен во Центарот за природа дошол да го провери бувот и им кажал дека тој веќе некое време е во елката бидејќи изгледа изгладнат и им предложил да му дадат сурово пилешко месо, а домаќините тоа и го направиле. Бувот го изел месото и сѐ уште си седел во дрвото.
Бидејќи сфатиле дека бувот нема да си оди сам тие со помош повторно од Центарот за природа го фатиле, го ставиле во кафез и подоцна го пуштиле во природата откако се стемнило.