10 грешки на родителите, кои можат да предизвикаат проблеми со парите за нивните деца кога ќе пораснат

Родителите имаат тенденција да се грижат за иднината на нивните деца, а овие грижи честопати ги наметнуваат и бараат најуниверзалните методи на воспитување кои ќе им помогнат на своите потомци да изградат успешна кариера и да живеат среќно.

Но, светот се менува и старите правила на успех престанаа да бидат ефективни. Што е уште полошо овие правила можат да бидат штетни за идните генерации.

1. Принудување на детето да донесе одлука за кариера

Идејата дека човекот треба да има иста професија целиот свој живот повеќе не е функционална. Некои современи професии воопшто не псотоеле пред 10 години, а додека некои веќе исчезнаа. Не ги „гушете“ децата принудувајќи ги уште од мала возраст да се определуваат за било што.

2. Учење на детето да штеди пари

Светот не застанува, а начините за заработка или заштеда на пари од минатото најверојатно нема да функционираат денес. Детето треба да биде флексибилно, подготвено за промена и да внимава со парите, но и сепак да знае во што е најдобро да ги вложи наместо само да ги собира.

3. Да не му се дозволува на детето да ги изрази чувствата

Понекогаш, возрасните се обидуваат да го убедат детето дека нивните чувства не се во ред – модринки не болат, не е во ред да се плаче доколку детето од игралиштето ве удри, па дури и дека овие работи се срамни. Се разбира, родителите се обидуваат да ги заменат вистинските чувства на своето дете со поприфатливи, затоа што им мислат добро, но треба да сфатиме дека една од главните вештини на „модерната“ личност е можноста да ги препознаат и управуваат своите чувства, емоции и потреби.

4. Да не се застане на страната на детето пред непознати

Секое дете треба да знае дека во секој конфликт и без оглед што ќе се случи, нивните родители ќе бидат фер и нема да им веруваат целосно на зборовите на луѓето кои не се нивно семејство. Кога родителите им дозволуваат на своите деца да застанат пред авторитетите, ако детето е подготвено да биде одговорно за своите постапки, тие ќе им помогнат да изградат здрава самодоверба и да изградат чувство на одговорност за сопствениот живот.

5. Покажување на тешкотиите на животот на возрасните

Нема ништо лошо кога децата ги гледаат нивните родители повремено тажни. Но, станува штетно кога се случува цело време. Во оваа ситуација, улогите во семејството се менуваат, а детето се обидува да стане „карпа“ за нивните родители, или гледа колку е „лош“ возрасниот живот, па може да почнат да се плашат да пораснат. Но, за да постигнеме нешто професионално, потребен ни е зрел пристап и самодоверба.

6. Да не им се дозволува на децата да користат социјални мрежи

Социјалните мрежи се истите платформи за комуникација сега, како што нашите дворови и населби беа за нас кога бевме деца. Децата можат брзо да научат различни корисни вештини со помош на компјутерски програми интегрирани со социјалните мрежи. Се разбира, родителите треба да ги потсетат своите деца за правилата за безбедност на Интернет, но лишувањето на своите деца од ова искуство е, всушност, сурово.

7. Да им се даваат пари на децата за добрите оценки

Сè уште има дебати на оваа тема. Но, да ја разгледаме ситуацијата на друг начин: размислете за себеси како изведувач, плаќате повеќе и повеќе за производот или услугата, додека детето ќе биде снабдувачот, обезбедувајќи го за пари и придобивки. Звучи како лоша идеја, зарем не мислите?