10 инспиративни цитати од моќни жени во чест на денешниот ден
Секој ден е „Денот на жената“, секој ден треба да се сакаат себе и да бидат сакани. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. По победата на болшевиците во Русија, а по иницијатива на Александра Колонтај, 8 март по првпат е прогласен за државен празник. Историјата на жените брзо се менува и постојано доаѓаат нови генерации кои ни покажуваат дека грдото минато полека, но сигурно останува зад нас и нема да се повтори. Овие 10 цитати ќе им го разубават денот на жените, без разлика на нивната возраст.
„Можете да бидете прекрасни на триесет години, шармантни на четириесет години и неодоливи до крајот на животот“.
Коко Шанел„Ако сакате нешто да се каже, прашајте маж, ако сакате нешто да се направи, прашајте жена.“
Маргарет Тачер
„Нема ограничување на она што ние, како жени, можеме да го постигнеме“.
Мишел Обама„Треба да ја преобликуваме сопствената перцепција за тоа како се гледаме себеси. Ние мора да се засилиме како жени и да го преземеме водството “.
Бијонсе„Размислувај како кралица. Кралицата не се плаши да не успее. Неуспехот е уште еден чекор за величина “
Опра Винфри
„Открив дека, на крај, ако навистина го истуриш срцето во она во што веруваш – дури и ако тоа те прави ранлив – неверојатни работи можат и ќе се случат“.
Ема Ватсон„На начинот на кој јас ги гледам работите, ако сакате виножито, мора да го трпите дождот!“
Доли Партон„Жената е како ќесичка за чај. Никогаш не знаете колку е силна се додека не е во жешка вода.“
Еленор Рузвелт
„Јас сум себична, нетрпелива и по малку несигурна. Јас правам грешки, јас сум надвор од контрола, и на моменти сум тешка за справување. Но, ако не можете да се справите со мене во најлошото светло, тогаш сигурно не ме заслужувате во најдоброто.“
Мерилин Монро„Еден маж ми рече дека како за жена имам премногу мислења. Јас реков: „Како за маж, ти си некако неук“.
Ен Хатавеј