10 изуми креирани од жени кои го променија светот на подобро

Жените се навикнати да се справат со тешкотиите со кои се соочуваат на пазарот на трудот и во секојдневниот живот воопшто, што се должат, не повеќе и ни помалку, на половата нееднаквост.

Затоа е изненадувачки да се знае кои важни пронајдоци ние сè уште ги користиме, кои ги развиваа храбри жени, кои несомнено ги кршеа стандардите на времето во кое живееја и ни оставија цело наследство.

10. Бришачи на шофершајбната

Оваа неопходна алатка за обезбедување на добра видливост на возачите во дождливите денови била создадена и патентирана од Мери Андерсон во 1903 година, која ја смислила додека возела низ снежна бура сфаќајќи ги тешкотиите и важноста за чистење на шофершајбната.

9. Филтер за кафе

Мелита Бенц, домаќинка открила дека чистењето на траенините за филтрирање е прилично мачно. По неколку тестови земала лимена чаша и направила неколку дупки во неа. Потоа земала лист хартија од тетратката на нејзиниот син и го филтрирала пијалокот, а резултатот бил неверојатен. Таа го патентирала пронајдокот во 1908 година и нејзината фирма функционира и денес.

8. Шприц за инјектирање

Американска медицинска сестра, Летиција Мамфорд Гер, беше одговорна за создавање на првиот шприц во 1899 година, кој им возоможи на лекарите да работат со една рака. Без сомнение, ова беше важна иновација во областа на здравството и беше проширена и на многу други сектори, покрај тоа што служеше како почетна точка за шприцот што го знаеме денес.

7. Пелени за еднократна употреба

Марион Донован ја создаде првата пелена за еднократна употреба. Идејата се појавила веднаш по Втората светска војна кога таа била целосно посветена на нејзиниот семеен живот и активности во домаќинството. Со машина за шиење и завеса за туширање, таа успеала да го создаде својот прв прототип.

6. Машина за миење садови

Џозефин Кохран ја изгради првата машина за миење садови во 1886 година. Неколку години подоцна, таа успеа да го привлече интересот на претприемачите на ресторани за време на саем во Чикаго, но машината се здоби со вистинска важност во 50-тите години на минатиот век.

5. Монопол

Дизајнерот Елизабет Ј. Филипс била креатор на Монопол, познатата игра. Првично, идејата за ова била да се пренесе поимот економија и да се демонстрира колку е штетен капиталистичкиот систем. Играта, која била патентирана во 1904 година, била продадена како да е дизајнирана од Чарлс Дароу. За среќа, набрзо вистинскиот креатор бил пронајден.

4. Чамец за спасување

По успехот на нејзиниот изум да го забрза производството на буриња, Марија Бизли решила да создаде покомпактно, побезбедно, огноотпорно и полесен за кристење чамец за спасување. Тогаш, во 1880 година, таа го развила новиот дизајн.

3. Невидливо стакло

Кетарин Бур Блодгет била првата жена која завршила докторат по физика на Универзитетот Кембриџ во 1926 година. Неколку години подоцна, таа измисли стакло со ниска рефлексивност (невидливо стакло), кое помогна да се подобри камерата, микроскопот и технологијата на проектор од нејзиното време.

2. Кевлар (силно влакно)

Стефани Кволек, која имала докторат по хемијата, била креаторот на екстремно силното влакно познато како Кевлар. Ова влакно може да биде до 5 пати посилно од челикот и се користи за да се направат панцири отпорни на куршуми и многу други производи.

1. Безжична мрежа

Актерката и изумителка Хеди Ламар разви, во партнерство со нејзиниот пријател и композитор Џорџ Антејл, технологија позната како претходник на Wi-Fi. Нејзината идеја овозможи далечински управувач на торпеда, како и спречување на нивно пресретнување од страна на непријателите, со промена на фреквенцијата на радио сигнали во спектрален опсег. Меѓутоа, во тоа време, морнарицата на Соединетите Држави не сакаше да го спроведе изумот, кој започна да се користи само многу години подоцна. За среќа, кон крајот на 90-тите, дуото доби голема награда за нивното откритие.